Ekipa
19 Април 2016•Ажурирај: 20 Април 2016
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција соопшти дека уапсила еден Мароканец осомничен за силни врски со терористичката организација ДАЕШ и кој охрабрувал идни напади во Шпанија и во другите земји во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, полицијата наведува дека осомничениот е уапсен утрово во Палма де Мајорка, каде што и живеел.
Беше соопштено дека мароканскиот државјанин претставува „јасна закана за националната безбедност”, затоа што користејќи интернет за промовирање на регистрацијата во ДАЕШ, помогнал да се испратат потенцијални борци во странство охрабрувајќи ги нападите во Шпанија и на други места во Европа.
Во соопшението се додава дека мажот, чиј идентитет не се открива, одржува блиски врски со водачите на ДАЕШ во Сирија.