Ivana Ramadanova
16 Септември 2016•Ажурирај: 17 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Старата скопска чаршија денес продолжи вториот ден од десеттото издание на културната манифестацијата „Звуците на чаршијата“, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што беше најавено од страна на организаторите, вчера и денеска граѓаните на Скопје имаат можност да уживаат во звуците на големиот број концерти, перформанси, фолклорни настапи, поезија, во ликовната колонија и презентацијата на занаети.
Денеска напладне, присутните имаа можност да се забавуваат со Денс, а потоа продолжија да ужуваат во изведбата на староградси македонски песни, во настапот на група млади музичари на класични инструменти. Во рамките на културната манифестација беше одржана и ликовна колонија, а предвидено е да настапат и културно-уметнички друштва.
До 20 часот е предвидено да се одржи литературна вечер, додека од 21 до 24 часот, на плоштадот „Филип Втори“ ќе се одржат настапите на: Банд, „Фул стоп“, „Дурата дора“ (DhurataDora), „МекКреша&лирикал сон“ (McKresa&Lirical son). Организатор на манифестацијата е Град Скопје, кој за реализација на „Звуците на чаршијата“ издвои 900.000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.
„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација што годинава се одржува по 10. пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.