Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
култура и уметностсвет

Египетските уметници цртајќи графити и мурали се солидаризираат со Палестина

Низ египетската престолнина Каиро можат да се видат разни графити и мурали кои се исцртани како вид на поддршка на луѓето во Палестина
Bedrudin Brljavac
31 Март 2024•Ажурирано: 01 Април 2024
Египетските уметници цртајќи графити и мурали се солидаризираат со Палестина

КАИРО (АА) – Луѓето низ светот на различни начини им пружаат поддршка на Палестинците, кои веќе со месеци се соочуваат со брутални израелски напади во Појасот Газа, но и на Западниот Брег, јавува Анадолу.

Некои излегуваат на улица за да го изразат својот гнев против израелските напади, некои на социјалните мрежи повикуваат на бојкот на израелските производи, а некои со своите уметнички дела го привлекуваат вниманието на страдањата на Палестинците.

Египетските уметници токму со цртање оригинални графити и мурали ја покажуваат својата солидарност со Палестинците и Газа.

Низ египетската престолнина Каиро можат да се видат разни графити и мурали кои се исцртани како вид на поддршка на луѓето во Палестина.

Многу графити се исцртани во форма на знамето на Палестина и границите на Палестина пред да биде окупирана од Израел. Меѓу графитите можете да ја видите и Омаровата џамија или Златната купола, Омајадската џамија во Ал-Кудс (Ерусалим) и една од најубавите во муслиманскиот свет.

Исто така, на ѕидовите на главниот град на Египет нацртан е мурал на Јасер Арафат, поранешниот палестински лидер.

Израел, кој е обвинет за геноцид, води смртоносна воена офанзива против Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе.

Повеќе од 32.700 Палестинци оттогаш се убиени, а над 75.000 се повредени во масовното разорување и недостигот на храна и лекови.

Израелската војна, која сега е во својот шест месеци, принуди 85 отсто од населението на Појасот Газа внатрешно да се расели, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според Обединетите нации.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, кој со привремена одлука во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање на влезот на хуманитарната помош за цивилите во Појасот Газа.

related_topics:
египетски уметнициГрафитиГаза
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Лидерот на израелската опозиција: Владата на Нетанјаху не успеа да ги врати заложниците, мора да си замине

Лидерот на израелската опозиција: Владата на Нетанјаху не успеа да ги врати заложниците, мора да си замине

Следно

Бројот на загинати Палестинци во нападите на Израел врз Газа достигна речиси 32.800

Бројот на загинати Палестинци во нападите на Израел врз Газа достигна речиси 32.800

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на АА го сними домот во Иран што по американскиот напад од место на веселба се претвори во место на жалост

Турската ХАВЕЛСАН и египетската АОИ потпишаа договор за продажба на заеднички развиениот дрон ХАМЗА-1

Август 2026 година израмни рекорд: Најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ

Турскиот министер за технологија: Турција има цел да стане водечки центар во ерата на вештачката интелигенција

Медведев: Нуклеарната доктрина не е само навестување, Русија има полно право да одговори на сериозните закани

Германија: НАТО мора да го зголеми производството на оружје за ефикасно одвраќање на Русија

Најмалку 20 загинати, петмина исчезнати во пожар на товарен брод во Кина

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелските воени авиони ја нападнaa Газа

Израелските воени авиони ја нападнaa Газа

Калиграфот Келуб во Газа го препишува Куранот на големи картонски страници

Калиграфот Келуб во Газа го препишува Куранот на големи картонски страници

Израел: Египет на наше барање ги потопува тунелите помеѓу Газа и Синај

Израел: Египет на наше барање ги потопува тунелите помеѓу Газа и Синај

 Фоторепортер на АА доби престижна меѓународна награда

Фоторепортер на АА доби престижна меѓународна награда

Во воздушен напад на Израел врз Газа едно дете загина, двајца се повредени

Во воздушен напад на Израел врз Газа едно дете загина, двајца се повредени

Палестинците обвинуваат: Израелците копајќи извори и ја ускратуваат питката  вода на Газа

Палестинците обвинуваат: Израелците копајќи извори и ја ускратуваат питката вода на Газа

Газа: При крај активностите за расчистување на урнатините од нападите 2014

Газа: При крај активностите за расчистување на урнатините од нападите 2014

Газа: За прв пат изложба на претходно невидени видови на песови

Газа: За прв пат изложба на претходно невидени видови на песови

Протест за поддршка на Палестинците во израелските затвори

Протест за поддршка на Палестинците во израелските затвори

Израелски воени авиони ја нападнаа Газа

Израелски воени авиони ја нападнаа Газа