Ula Ataallah, Hidaye es-Saidi, Ala er-Rimavi,Daniel Gallego
04 мај 2016•Ажурирај: 05 мај 2016
ГАЗА (АА) - Израелски воени авиони со 5 проектили нападнаа различни реони во Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Авионите F-16 на израелското воено воздухопловсто со два проектили изведоа напад во реонот меѓу граничниот премин Рефах и аеродромот на југот од Газа. Од експлозија на проектилите настана материјална штета на околните згради.
Покрај ова сведоци истакнуваат дека воени авиони на Израел со два проектил ракетирале празен простор во градот Рефах, додека еден проектил паднал на сличен простор на југот од Газа. Од нападите, загинати и повредени нема.
Од претходно добиени информации се дознава дека цел на Израелските артилериски единици биле Бригадите на Касам, кои се воено крило на ХАМАС и кулите за набљудување на министерството за внатрешни работи на јужната граница на Газа. Од експлозиите немаше загинати, но настанала голема материјална штета на кулите.