Atila Altuntaş
29 Април 2016•Ажурирај: 30 Април 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Во Стокхолм, главниот град на Шведска, каде ќе се одржи музичкиот натпревар Евровизија 2016 година, забранета е употребата на знамињата на Палестина, Косово, Турска Република Северен Кипар, Кримски Татари и Баскија,јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторит на музичкиот натпревар кој ќе се одржи во Глоб арената во Стокхолм, на својот официјалниот сајт информира дека на свеченото отворање забранети да се презентираат се знамињата на Палестина, Косово, Турска Република Северен Кипар, Кримски Татари и Баскиј, под образложение дека не се државни знамиња. Покрај овие држави, забраната важи и за знаменцето на терористичката организација ДАЕШ и знамето на Народна Република Донецк, која проруските милиции ја формираа на истокот од Украина.
Знамињата на земјите-членки на Обединетите Нации до колку дефинирана големина, ќе може да се отворат. Се истакна дека ќе биде покажана толеранција за знамето на ЛГТБ и знамето на ЕУ.
Беше соопштено дека се забранети и локални, регионални и комерцијални знамиња од, знамиња со политички и религиозни порака, плакати кои содржат пораки на дискриминација и навреда. Во салата, покрај знамиња и плакати на англиски јазик, забранети се сите други.
На ова решение остри критики испратија потпаролот на Шведско Косовско друштво Наим Мурсели, кој изјави дека Шветска е земја која го призна Косово и дека е многу навредливо поистоветувањето на знаменцето на ДАЕШ со знамето на Косово. Мурсели изјави дека од оваа одлука на Управниот одбор на Евровизија, длабоко се повредени 50.000 косовари кои живеат во Шведска.
Во веста која се најде во шведските медиуми се истакнува дека оваа одлука на Управниот одбор на евровизја 2016 за Палестинската држава која е признаена од 135 земји на Обединетите Нации, меѓу кои се наошѓа и Шведска, ќе предизвика големи реакции.