Ali H. M. Abo Rezeg
05 април 2020•Ажурирај: 05 април 2020
АНКАРА (АА) - Шефот на Хамас, Исмаил Ханије, ја поздрави улогата на Агенција Анадолија во покривањето на вестите од муслиманскиот свет, и особено за палестинското прашање.
„Ние во Хамас и палестинскиот народ сме горди на покривањето на настаните во Палестина од страна на АА, главно нејзиното покривање на настаните во Ерусалим, страдањето на затворениците и блокадата на Газа“, истакна Ханије во писмото што го испрати до генералниот директор на Агенцијата Анадолија, Шенол Казанџи.
Во писмото испратено по повод одбележувањето на стогодишнината на Агенцијата, Ханије додава дека Агенција Анадолија „покажала голема желба да ја пренесе вистината во Палестина и да ги разоткрие злосторствата што ги врши израелската окупација“.
„Нашата благодарност до АА [Агенција Анадолија] се должи на нејзиниот голем интерес да ги покрие прашањата поврзани со муслиманите и на нејзината професионална, точна, брза и информативна покриеност на настаните“, додаде тој.
Ханије упати апел новинската агенција да продолжи со своето покривање на настаните што „настојува да биде глас на угнетените во целиот свет, гласот на безгласните“.
Агенцијата Анадолија на 6 април 2020 година ја одбележува својата стогодишнина. Основана е пред 100 години од страна на Мустафа Кемал, основачот на Република Турција, со цел да го рашири гласот во светот за турската национална борба за независност.
Новинската агенција моментално објавува вести на турски, англиски, арапски, руски, француски, шпански, курдски/курманџи, курдски/сорани, персиски, индонезиски, (БХС - босански, хрватски, српски) албански и на македонски јазик.
Како глобална новинска агенција, Агенција Анадолија е меѓу десетте највлијателни медиуми во светот, обезбедувајќи им на своите претплатници во 90 земји илјадници вести, фотографии, видеа, инфографики и други содржини засновани на информации преку својата глобална мрежа на дописници и фоторепортери во 86 земји во светот.