Emel Öz
01 Ноември 2021•Ажурирај: 02 Ноември 2021
АНКАРА
Оксфордскиот речник на англискиот јазик го прогласи зборот „vax“ (вакцина) за збор на 2021 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на „Би-би-си“ (BBC), Фиона Мекферсон, уредничка на Оксфордскиот речник на англискиот јазик, истакна дека употребата на зборови поврзани со вакцините се зголемила во 2021 година поради новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Наведувајќи дека употребата на зборот „vax“, што е кратенка од зборот „vaccine“, датира од 1980-тите, Мекферсон рече дека употребата на кратенката „vax“, која ретко се користеше досега, се зголемила за 72 пати во 2021 година.
Мекферсон нагласи дека зборот „vax“ го определиле како збор на годината.
Уредниците на Оксфордскиот речник на англискиот јазик донесоа одлука дека 2020 година е невозможно да се сумира со еден збор.