Selçuk Acar
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) – Завршија сите подготовки во театарот Долби во Лос Анџелес, САД, каде што вечерва ќе се одржи доделувањето на најпрестижните награди Оскар на Американската филмска академија. Булеварот Холивуд во кој се наоѓа театарот Долби, е целосно затворен за сообраќај, додека полицијата ги зајакна безбедносните во околината, јавува Anadolu Agency (AA).
Домаќин на церемонијата на 89. доделување на наградите Оскар ќе биде комичарот Џими Кимел, а четврти пат по ред ќе настапи пејачката Лејди Гага.
Заменик претседателот на театарот Долби, Курт Бехлмер, за АА истакна дека многу е задоволен бидејќи се домаќини на церемонијата на Оскарите, и рече дека компанијата ги користи најнапредните технологии во нејзините 60 киносали кои ги поседува низ целиот свет.
- За првпат турски готвач во кујната по Оскарите -
75 различни јадења ќе им бидат сервирани на 1.500 учесници и гости на церемонијата Оскар којашто ќе се одржи во Говернерс Бол. Австралискиот готвач, Волфганг Пак, кој е одговорен за подготовката на јадењата, оваа година за првпат го избра Јигит Мирзаоглу, готвач од Сан Франциско, како одговорен за халал храната на церемонијата.
- Рекорд на Лејди Гага на церемонијата за Оскар -
Лејди Гага, Ана Кендрик и Џенифер Хадсон ќе настапат на годинешното доделување Оскар. Лејди Гага, која четири пати по ред настапува на церемонијата на доделување на наградите, е прва пејачка која во иста година настапува и на Оскар и на финалето на првенството од Американската фудбалска лига, Супер бол (Super Bowl).
- Протест против Оскарите од страна на поддржувачите на Трамп -
Поддржувачите на американскиот претседател, Доналд Трамп, во знак на протест против церемонијата на доделување на наградите Оскар, се собраа пред театарот Долби. Тие извикуваа пароли против одредени американски медиуми и против наградата Оскар.
Едно лице беше приведено откако вербално ги навредил и им ги скршил транспарентите на мала група луѓе кои извикувале слогани близу црвениот тепих.
Се очекува саркастичните и политичките пораки против Трамп да ја одбележат церемонијата на доделување Оскар.