Ekipa
06 Декември 2016•Ажурирај: 06 Декември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската јавност го критикуваше американскиот актер Мет Дејмон (46) поради тоа што му беше доделена главната улога во филмот „Кинески ѕид“ (The Great Wall), најголемиот филм некогаш снимен во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако на Дејмон му беше доделена главната улога во кинескиот акциски трилер, кинеските медиуми објавија критики дека главната улога во филмот за најголемата градба на светот и гордоста на Кинезите, требало да му биде доделена на некој азиски актер.
Освен тоа, се пишуваше дека токму азиските актери имаат мали шанси за добивање главни улоги во Холивуд.
Филмот „Кинески ѕид“ на студиото „Леџендари“, во режија на славниот кинески режисер Џанг Јимоу, зборува за елитната сила што прави храбро упориште на една од најпознатите светски градби, Кинескиот ѕид. На снимањето на филмот се потрошени 150 милиони долари.
Sвездата на шпионскиот трилер „Борновиот идентитет“, во филмот „Кинески ѕид“ ја игра улогата на британски платеник.
Дејмон истакна дека кинеската публика не можела да донесе некаков заклучок за филмот врз основа на трејлерот од 30 секунди и дека улогата на неговиот лик, поради приказната на филмот била предодредена да биде европска.
„Немаше потреба за вакви наслови во медиумите. Верувам дека контроверзиите за филмот ќе се смират кога тој ќе биде пласиран, кога ќе се види целата приказна, тогаш ќе се види дека не му ја зедов улогата на ниеден кинески актер... Сценариото не е променето поради мене на ниту еден начин“, изјави Дејмон.
Премиерната проекција на филмот во Кина ќе биде прикажана во декемви, во САД на 17 февруари 2017 година, а веќе два дена подоцна, филмот ќе биде достапен во европските кино-сали.