Seyit Ahmet Aytaç
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Сликата на ренесансниот сликар Леонардо да Винчи, „Спасителот на светот“ (Salvator Mundi), беше продадена за 450 милиони долари во Њујорк доцна синоќа, постигнувајќи рекорд за најскапо уметничко дело некогаш продадено на аукција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рекордот за најскапа слика продадена на аукција го држеше сликата „Жените од Алжир“ на Пабло Пикасо, насликана во 1955 година, која се продаде во 2015 година за речиси 180 милиони долари.
На сликата насловена како „Салватор Мунди“ е прикажан Христос со дигната десна рака и стаклена сфера којашто ја држи во левата рака. Таа е една од 20 познати слики на Да Винчи.
Една од првите слики на сликарот, создадена во периодот по 1505 година, е онаа на англискиот крал Чарлс I.
Уметничкото дело, кое до 2005 година не можеше да се пронајде, подоцна беше купено од британски колекционер на уметнички дела и продадено за само 60 долари во 1958 година, бидејќи се верувало дека не е оригиналната слика на Да Винчи.