Ekip
06 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
БАРСЕЛОНА (AA) – Шпанската оперска дива Монсерат Кабаље, позната по својата белканто техника на пеење, почина на 85-годишна возраст, пренесува Anadolu Agency (AA).
Абрахам дел Морал, портпаролот на болницата „Сант Пау“ ја потврди смртта на Кабаље денес (сабота) наутро. Рече дека нејзиното семејство барало причината за смртта да не се објавува во јавноста, но додаде дека во болницата била од септември.
Шпанските медиуми објавија дека Кабаље во септември е примена во болница во Барселона поради проблеми со жолчното кесе.
Родена во семејство од работничка класа во Барселона, Кабаље рано го открила својот музички талент, пеејќи канати од Јохан Себастијан Бах на седум години.
Во својот речиси неверојатен репертоар одигра 90 оперски улоги со преку 4.000 театарски изведби.