Abdullah Aşıran
29 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Декември 2019
АМСТЕРДАМ
Во Амстердам, главниот град на Холандија, организиран е Фестивал на светлината, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот на светлината кој по осми пат се организира во Амстердам од страна на Фондацијата „Light Festival“ предизика голем интерес. Посетителите во туристичкото подрачје на градот со бродски тури имаа можност да ги погледнат светлосните презентации поставени во каналот и околу него кој во исто време е и дел од Светското културно наследство на УНЕСКО (UNESCO).

Уметници, дизајнери и архитекти од Холандија и од другите делови на светот на фестивалот подготвија 20 светлосни презентации.
Фестивалот на светлината, кој е еден од најзначајните фестивали во Европа, секоја година го посетуваат приближно 1 милион лица, а ќе трае до 19 јануари 2020 година.
