Dmitri Chirciu
02 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
МОСКВА (АА) - Меѓународниот фестивал на снег и мраз што се одржува во Москва, главниот град на Русија, големо внимание привлекува со скулптурите на ликови од бајките, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фестивалот, кој се одржува во московскиот парк „Горки“, секојдневно го посетуваат стотици луѓе.
На фестивалот учествуваат уметници од Белорусија, Италија, Финска и Узбекистан, како и од Русија, а големо внимание привлекуваат скулптурите направени од мраз и снег на хероите од бајките.
На фестивалот се појавуваат и ликови од цртаните филмови како што се „Фрозен“, „Моана“, „Мики Маус и пријателите“, „Тајните на Гравити Фолс“.
Фестивалот ќе трае до 28 февруари.