Selma Kasap
06 Април 2018•Ажурирај: 07 Април 2018
АНКАРА (AA) - По повод 98 годишнина од основањето на Anadolu Agency (AA), претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на оваа новинска агенција Шенол Казанџи порача дека АА продолжува да биде веродостоен извор на вести во и надвор од Република Турција.

Казанџи во пораката ја честиташе годишнината на основањето на АА, потсетувајќи дека агенцијата е основана пред 98 години за да директно и точно ја пренесе националната борба на Анадолија.
Потсети дека АА ја основал Мустафа Кемал Ататурк со цел таа да биде глас во и надвор од Анадолија, но истовремено е основана како одговор на лажните вести и пропагандата која во тој период ја ширеле окупаторските сили. Според зборовите на Казанчи „АА и денеска, со ист дух и мисија, продолжува да биде веродостоен извор на вестите во и надвор од Турција."
„Anadoly Agency со историја од 98 години претставува една од најстарите институции на Република Турција и една е од оние институции кои го носат знамето на нашата земја во светот. Освен што е главниот и темелен извор за медиумите во Турција, АА денеска во светот делува во речиси 100 земји и стана една меѓународна структрура", истакна Казанџи.
Тој рече дека со отворањето на регионалните канцеларии во Латинска Америка и пацифичките земји АА го зголеми бројот на канцелариите на 41, а со отворањето на сервисите на шпански и индонезиски јазик, агенцијата започнала да емитува вести на вкупно 13 јазици.
Додаде дека АА покренала низа проекти за да на младите генерации им се пренесе медиумската пракса и искуството и објавени се низа публикации со цел пружање поддршка на турските медиуми.
Упатувајќи честитки по повод 98 годишнината од основањето на АА, Казанџи им се заблагодари на сите кои во изминатиот период дале свој придонес во јакнењето на оваа агенција, а на сите вработени кои моментално во различни делови на светот се борат за точна вест, им посака многу успех.
На крајот на пораката, Казанџи во свое име и во име на сите вработени на АА, поради голема поддршка на агенцијата, му се заблагодари на претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим и заменик премиерот Бекир Боздаг.