Cuneyt Davut,Dzihat Aliju
21 Август 2016•Ажурирај: 22 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, ќе се организира Изложба на фотографии насловена Триумф на Демократијата, чија тема е обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО на 15-ти Јули 2016, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата, која ќе се одржи под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, а во соработка на културниот институт „Јунус Емре" во Скопје со Anadolu Agency (АА), на 23 август 2016 година, во Чифте амам, во Старата скопска чаршија, во 19:00 часот ќе биде отворена за посетителите.
На изложбата која за посетителите ќе биде отворена 7 дена ќе бидат претставени 52 фотографии од Anadolu Agency (АА), а исто така и видеото на АА е во врска со обидот за државен удар, насловено „Што се случи на ноќта на 15 јули- Чекор по чекор обид за државен удар ", со превод на албански и на македонски јазик.
Исто така во септември, изложбата ќе се одржи во Приштина.