Safvan Allahverdi
17 Февруари 2019•Ажурирај: 18 Февруари 2019
ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, упати повик до европските земји да ги преземат милитантите на терористичката организација ДЕАШ фатени во Сирија, кои по потекло се од Европа, и тие да им судат, зашто во спротивно Соединетите Американски Држави (САД) ќе бидат приморани да ги ослободат терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави пост во врска со терористите на ДЕАШ фатени во Сирија.
Трамп наведува: „Сакаме Британија, Франција, Германија и останатите европски сојузници да ги преземат 800-те милитанти на ДЕАШ, фатени во Сирија, и да им судат. ДЕАШ е пред колапс. Друга непријатна алтернатива е да бидеме приморани да ги ослободиме.“
Истакнувајќи дека не посакува да види, како што се очекува, терористите на ДЕАШ да преминат во Европа, Трамп во својата изјава ја даде следната проценка: „Многу нешта направивме, многу (пари) потрошивме. Дојде време кога е потребно и другите да направат исчекор и она што го знаат. По 100-процентниот пораз на ДЕАШ, се повлекуваме.“