Selin Çalık Muhasiloviç
07 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - ЕЛИФ СЕЛИН ЧАЛИК МУХАСИЛОВИЌ -
Д-р Франсоа Бургат, истражен директор во францускиот Центар за истражувања за муслиманскиот и арапскиот свет (IREMAM), истакна дека Французите го уништиле културниот ’рбет на другите заедници, пишува Anadolu Agency (AA).
Бургат во разговорот со AA се осврна на расизмот кој во Европа е во пораст.
Тој укажа на тоа што фудбалерот Месут Озил поради расистички и сепаратистички напади ја напуштил германската репрезентација.
„Капитенот на француската репрезентација со потекло од Алжир, Зинедин Зидан, пред 20 години беше изложен на слични расистички напади на кои беше изложен и Месут Озил“, додаде тој.
Според него, изјавата на Озил: „Германец сум кога победуваме, а имигрант сум кога сме поразени“, е користена и во француската јавност.
Бургат се осврна и на идејата за еднострана хегемонија во Европа.
„Овие расистички напади датираат од пред 2-3 генерации. За да се објасни оваа состојба во историски рамки, треба да се разгледа колонијалниот поредок и доминациите кои ги изгради Европа. Како пример можеме да ги земеме односите на Франција со Алжир кои датираат од 1830-тите години. Ние (Французите), го уништивме културиот ’рбет на овие заедници. Рековме дека оние кои ги маргинализиравме треба да личат на нас. Со години ги маргинализиравме, а воедно и сакавме да личат на нас. Оваа состојба е уништување на семињата засадени од страна на идејата за еднострана хегемонија. Ова претставува почеток на расистичките состојби кои се случуваат денес“, истакна тој.
Според него, исламофобијата и расизмот се во една спирална врска кои заемно се хранат.
„Има еден пример кој им го раскажувам на моите студенти. Пред 30 години, татко ми ми ги покажа автобусите во фабриката за челик во која работеше, за кои рече: ’Овие автобуси ги испративме празни во Риф (подрачје во северниот дел на Мароко), а се вратија полни. Ако не дојдеа тие од таму, оваа фабрика не ќе можеше да стигне на ова просперитетно ниво.‘ Ова е еден мој спомен кој јасно објаснува дека расизмот е штетен“, нагласи Бургат.
Бургат се осврна и на Декларацијата за промена на стихови (ајети) од Куранот, потпишана во Франција од страна на 300 лица, меѓу кои и од поранешниот француски претседател Николас Саркози.
„Јасно е дека радикализираните луѓе на заедниците во Европа не перципираат точно што е напишано во светите книги“, нагласи Бургат, додавајќи дека тие како припадници на заедниците во Европа можат да ја уништат општествената поларизација, ако се осврнaт на различни теми, наместо да губат време со барањата, кои, според него, ги надминуваат границите, како што е барањето за менување на стиховите (ајетите) на Куранот.