Ahmet Salih Alacacı
07 Октомври 2018•Ажурирај: 08 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, денес изјави дека турската економија е во процес на стабилизирање, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој на состанокот на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti) во главниот град Анкара говореше за моменталната економска состојба и идната политика.
Нагласувајќи ги релативно нискиот јавен долг (28 отсто) и долгот на домаќинствата (16 отсто), како процент од БДП (приближно половина од просекот во земјите во развој, Албајрак рече дека земјата е подобра од глобалните просеци.
„Буџетската дисциплина, која е една од најголемите економски успеси во 16-те години на владеењето на АК Партијата, ќе биде строго поддржана во тековниот период без компромис“, изјави тој.
Албајрак, исто така зборуваше за мерките преземени од страна на Владата кон шпекулативните напади на турската економија во изминатите два месеца, вклучувајќи го и лимитот од 25 отсто за девизните трансакции на турските банки, ревидирањето на стапките на прекин на депозитните сметки, чекорите за зајакнување на лирата, како и подобри мерки за банките.
Тој го нагласи успехот на земјата во намалувањето на кредитниот ризик (CDS), кој се шири за 550 базични поени преку ефективната економска политика и силната координација со акционерите.
Истакнувајќи дека турската економија влегла во процес на балансирање, Албајрак се осврна и на моменталниот пад на дефицитот на тековната сметка на земјата и зголемувањето на нето-извозот.
Во однос на идните политики тој нагласи дека зголемувањето на извозот, намалувањето на дефицитот на тековната сметка и олеснувањето на производството на технологијата ќе бидат приоритети.
Албајрак, исто така изјави дека ќе биде откриена и моќна програма за борба против инфлацијата.