Halit Süleyman
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ДАМАСК (АА) – Дваесет цивили се мртви, а четириесетина се ранети во воздушниот напад, кој беше извршен во областа Каламун, во североисточниот дел од главниот град на Сирија, Дамаск, од страна на воените авиони на Сириската армија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од органите за цивилна одбрана, армиските авиони извршиле 45 воздушни напади врз Џејруд, градчето во областа Каламун, кое е под контрола на опозицијата.
Според првичната евиденција, во бомбардирањето загинале 20 цивилни лица, а 40 се ранети, од кои дел се жени и деца. Повредените лица се пренесени до најблиските болници во градот.
Членот на комитетот за локална координација во областа Источна Гута , во Дамаск, Јусуф Ал – Бустани, изјави дека при нападот од режимските сили загинати се и здраствени лица.
„При нападите од страна на силите на Асад, животот го загубија и лица од персоналот на болниците и здраствените центри во градот. Засега се идентификувани 20 жртви. Но, вистинскиот број на жртвите е многу поголем“ , рече Бустани.
Бустани ја истакна итната потреба од медицински материјали за здраствените екипи, при тоа нагласувајќи дека она што загрижува е растечкиот број на човечки жртви.