Umur Koçak Semiz
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
МОНТЕВИДЕО (АА) - Најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени во разорното торнадо што го погоди југозападниот дел на Уругвај, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјални претставници од Уругвај, Јужна Америка, изјавија дека најмалку четири лица загинаа, но дека спасувачки екипи ги пребаруваат урнатините од страв дека под нив има заробени лица.
Торнадото најмногу го погоди градот на Долорес, каде што беа уништени неколку згради, а притоа сериозно се повредени најмалку седум лица, меѓу кои и две деца.
Силното торнадо уништи повеќе од сто возила, а во градот Долорес кој се наоѓа 265 километри западно од Монтевидео е прогласена вонредна состојба.