Ahmet Dursun
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Обединетите нации ја повикаa владата на Иран да ги запре смртните казни врз затворениците кои добиле казни за кривични дела поврзани со трговија со дрога, јавува Anadolu Agency (АА).
Врховниот комесар за човекови права, Зејад Раад Ал Хусеин, во писмено соопштение потсети дека во Иран минатата година беа извршени 966 смртни казни, додавајќи дека повеќето од овие казни се изречени за кривични дела поврзани со дрога.
Посочувајќи дека минатата година процентот на егзекуции во Иран беше рекорден во последните две децении, а дека меѓу затворениците биле егзекутирани најмалку четворица малолетници.
Комесарот на ОН ги повика иранските власти да престанат со смртните казни поврзани со дрога, додека не се заврши собраниската процедура во врска со предлогот кој е доставен до Собранието во јануари оваа година, а кој предвидува укинување на смртната казна за овој вид на кривични дела.
Не оспорувајќи ја важноста на борбата против трговијата со дрога, од ОН тврдат дека Иран треба да направи реформи во оваа област, пред сè, поради алармантниот број на смртни казни.