Ruslan Rehimov
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
БАКУ (АА) - Во Баку, главниот град на Азербејџан, по повод 25. годишнина од масакрот во Хоџали, одржана е програма и прошетка на која учествуваа претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев и други официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за трагичен настан во кој силите на Ерменија убија 613 државјани на Азербејџан, меѓу кои жени и деца. Покрај тоа, ранети се 487 лица, од кои 76 деца. Во настанот заробени се 1.275 лица. Поради окупацијата на дел од територијата на Азербејџан, околу милион лица беа принудени да ги напуштат своите домови.
Во прошетката организарана во Баку, учествуваа илјадници луѓе кои носеа транспаренти со фотографии на убиените. Прошетката започна на плоштадот Азадлик, а заврши пред споменикот Ана ферјади (Мајчин крик). Алијев пред споменикот положи венец за жртвите од масакрот.
Покрај државните официјални лица, споменикот го посетија и преживеаните во масакрот, како и семејствата на убиените. Иако изминаа 25 години од трагичниот настан, присутните со иста болка и солзи во очите им оддадоа почест на загинатите.
Амбасадорот на Турција во Азербејџан, Еркан Озорал потсети дека пред 25 години се убиени 613 невини луѓе само затоа што биле Азербејџанци.
Амбасадорот Озорал во своето обраќање истакна дека е непозната судбината на 150 граѓани на Хоџали.
„Еден ден правдата ќе биде задоволена. Сè додека Азербејџан не ја врати својата територија и додека над милион раселени не се вратат во своите домови, оваа неправда ќе расте од ден на ден”, истакна амбасадорот Озорал.
Хоџали е гратче кое ерменските сили го блокираа кон крајот на 1991 година. Станува збор за место со површина од 936 квадратни километри во кое живееле 2.605 семејства, т.е. 11.356 жители. Ерменската војска претходно го зазеде главниот град на Горно-Карабах, Ханкенди, а потоа цел на нивните напади станаа околните азербејџански места во Нагорно-Карабах. Во Хоџали се наоѓа единствениот аеродром во регионот кој беше важен канал за дистрибуција на помош за Азербејџанците.
Кон крајот на јануари 1992 година, ерменската и тогашната советска војска, целосно го опколија Хоџали. Единствен контакт со останатите подрачја беше со помош на хеликоптер. На 28 јануари 1992 година беше урнат хеликоптер од страна на ерменската војска. Во несреќата жовотот го загубија 44 лица, од кои повеќето жени и деца.
На 25 февруари започна жестока оружена операција со која ерменската војска, потпомогната од страна на Русија, го нападна Хоџали од три страни. Рускиот 366. моторизиран полк цели два часа го гранатираше Хоџали со тенкови и топови. Станува збор за операција во која животот го загубија стотици цивили. Датумот 26. февруари се одбележува како Ден на сеќавање на масакрот во Хоџали.