Atila Altuntaş
26 Февруари 2017•Ажурирај: 27 Февруари 2017
СТОКХОЛМ (АА) - Во подрачјето на Западен Готланд во Шведска, во градот Ванерсборг, изби пожар во зграда во која биле сместени бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата на Ванерсборг, Тони Најман соопшти дека во пожарот, кој избувнал во историската зграда Рестад Гард во која се наоѓале бегалците, има 20 повредени. Портпаролот истакна дека во тешка состојба се наоѓаат две лица кои скокнале од прозорец, додека останатите повреди се предизвикани од димот во зградата.
Портпаролот Најман соопшти дека се пронајдени докази оти пожарот бил подметнат и дека продолжуваат со техничката истрага.
Од друга страна, во 2016 година во Шведска избувнаа 112 пожари на местата во кои се сместени бегалци или било планирано да бидат сместени бегалците. Се покажа дека 92 случаи од пожарите кои избувнаа во објектите наменети за бегалците се подметнати.