Aynur Ekiz
01 Февруари 2019•Ажурирај: 01 Февруари 2019
АНКАРА (AA) - Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, изјави дека Турција не е без алтернатива во било кој поглед, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција не е без алтернатива во било кој поглед", рече Алтун предупредувајќи ги Соединетите Американски Држави кажувајќи дека и за нив многу е покорисно да се прават чекори во согласност со очекувањата на Турција.
„Турција повторно ќе ги преземе работите во свои раце за да ги спречи обидите за формирање терористички коридор, како што направи за време на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, без да биде заплашена од какви било закани“, изјави Алтун во интервју со списанието на Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања (СЕТА) со седиште во Анкара.
Алтун изјави дека Турција работи на пронаоѓање политичко решение за сириската криза.
Зборувајќи во врска со можната операција источно од реката Еуфрат, Алтун изјави: „Нашата цел е многу јасна. Да се исцеди терористичкото мочуриште во близина на нашата граница, да се заштити сирискиот територијален интегритет и да се обезбеди политичка стабилност“.
Во текот на изминатите денови, турските официјални претставници изјавија дека Турција завршила со сите подготовки за операцијата источно од Еуфрат во северна Сирија.
Од 2016 година, антитерористичките операции на Турција „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“ во северозападот на Сирија го ослободија регионот од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, овозможувајќи им на Сиријците што избегаа оттаму поради насилствата, да се вратат во своите домови.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, вклучувајќи и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.