Aydoğan Kalabalık
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
КАИРО (AA) - Бројот на загинатите во нападот на џамија во градот Ал-Ариш, во северниот дел на Синај, во Египет, достигна 305 лица, а нападот го изведоа терористите на ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Египетското обвинителство потврдено е дека нападот го изведоа припадниците на терористичката организација ДЕАШ и дека во нападот учесвуваа помеѓу 25 и 30 терористи.
„Присутните во џамијата во текот на петочната молитва приметија помеѓу 25 и 30 лица кои носеле ознаки на ДЕАШ и извикувале терористички пароли. Потоа, терористите кои се распоредиле на влезните врати на џамијата и 12 прозорци, отворија оган врз верниците. Според последните информации, загинаа 305 лица, меѓу кои се 27 деца. Ранети се најмалку 128 лица", пишува во соопштението.
Наведено е исто така дека терористите до џамијата стасале во пет одделни возила, а во текот на нападот запалиле еден автомобил. Потоа се обиделе да да ги спречат амбулантните возила на патот кон тоа место.