Zeynep Hilal Karyağdı
25 Ноември 2017•Ажурирај: 26 Ноември 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 326 нелегални мигранти се фатени во последните два дена во Либија, јавува Anadolu Agency (AA).
Силите на либиската морнарица во владата на национално единство спроведуваат акции во областите Ел-Хамс и Ел-Карбули, каде што во четвртокот и петокот беа фатени 326 илегални мигранти.
Станува збор за африкански граѓани, меѓу кои се наоѓаа 61 дете и 63 жени.
Голем број африкански мигранти веќе долго време ја користат Либија како rрута преку која сакаат да стигнат до некои европски земји.