Ekip
10 Септември 2016•Ажурирај: 11 Септември 2016
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Како и секоја и ова година, за курбанот, кој инаку е симбол на овој Бајрам, кој и се нарекува Курбан Бајрам, верниците муслимани кои имаат финансиска можност, колејќи животно (курбан) делат месо на сиромашните, соседите и пријателите и еден дел оставаат за себе. Курбанот може да го заколат самите, но можат да го напават тоа и преку невладините и граѓанските организации, но и преку Исламската верска заедница (ИВЗ).
Претседателот на комисијата за курбани при ИВЗ Реџеп Зибери информираше дека цената на курбаните како и минатите и оваа година изнесува 120 евра.
Тој истакна дека месото на курбаните првично ќе се дели за потребите на учениците на средното верско училиште (Медреса) во земјата како и на семејствата кои имаат потреба во различни места низ Македонија.
Од друга страна хуманитраните организации во земјата имаат одредено цена од 100 евра, но ако верниците сакаат да купат курбани приватно цените се различни, а почнуваќи од 70 евра па нагоре.
Соопштено е дека Црвената полумесечина на Турција, Фондацијата за верски прашања на Турција, органзацијата ИХХ и многу други организации делат курбани во земјата, Косово и Албанија.
Исто така, делот на курбаните на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турскиот премиер Бибали Јилдирим ќе бидат поделени во Македонија.
Исламската заедница во Албанија за оваа година одреди цена од 120 евра за еден курбан, каде што секој верник преку оваа институција може да го достави на место на својата молитва. Во меѓувреме курбаните може да се купуват на отворените пазари во одредени денови или со нарачка од фармите во и надвор од земјата.
Како резултат на неповолната економска состојба на граѓаните во Албанија, повеќето од курбаните во оваа земја се очекуваат од хуманитраните организаци, којшто добар дел се обезбедени од Турција.
Хуманитарните организации во Албанија одлучија износот од 100 евра да биде како нај ниска сума за курбан, а цената на курбанот заедно со неговото колење во Албанија може да достигне и до износ од 140 евра.
Фондацијата за верски прашања на Турција (ТДВ) и оваа година е во Албанија. Оваа институција се очекува да подари вкупно 910 курбани, 210 од нив во Тирна и 700 во Скадар.
Во меѓувреме и Црвената полумесечина на Турција оваа година учествува како организатор на колењето на курбаните. Во соработка со Организацијата алтернатива на иднината таа се очекува да подари 875 курбани којшто ќе се колат во градот на Лушња и ќе се распределат низ цела Албанија.
Од друга страна другите невладини организации од Турицја којшто се очекуваа да придонесат за овој празик се организацијата ИХХ со 350 курбани како и многу други.
Секеретарот на Исламската заедница на Косово, Ресул Реџепи изјави дека до сега се направени сите потребни подготовки за акцијата на колење на курбаните со цел биде направена во најдобар можен начин.
„Знајеќи дека овој исламски празник, како свој симбол го има и курбанот, ние ги имаме направено сите подготовки за колење на курбаните, коишто ни ги испорачуваат луѓето во цело Косово и надвор од земјава, од диаспората“ вели Реџепи.
Тој информирашe дека бројот на порачани курбани за ова година се очекува да биде околу 5000-6000, истакнувајќи дека оваа бројка се менува во секоја минута, затоа што порачките ќе продопжат до денот на празникот. Реџепи објасни дека цената на курбанот е 120 евра, исто како и минатата година.
Тој рече дека месото од курбаните ќе се распредели низ цело Косово и до сите можни региони, посебно на сиромашните семејства, како и до оние кои имаат потреба.
Додаде дека поради болеста на лисјата, колењето на курбаните ќе се врши надвор од Косово, во некоја држава од ЕУ.
Инаку, верниците муслимани во Македонија, Албанија и Косово празникот Курбан Бајрам ќе го прослават во понеделник, на 12 септември.