Nour Mahd Ali Abu Aisha,Said İbicioğlu
17 Мај 2018•Ажурирај: 19 Мај 2018
ГАЗА (АА) - Педесет и четири од сите ранети Палестинци за време на масакрот што Израел го спроведе врз демонстрантите на границата на Газа, се наоѓаат во вегетативна состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Имад ел-Баз, претседател на Делегацијата за следење на злосторствата од палестинската окупација, на една прес-конференција која се одржа во болницата „Шифа“ во Газа, потсети дека најмалку 3.000 Палестинци се ранети како резултат на отворање оган врз демонстрантите на границата на Газа од страна на Израел, од кои 54 се наоѓаат во вегетативна состојба.
Баз информираше дека 1.359 од вкупните повредени се ранети со вистински куршуми, од кои 79 се жени, а 255 деца. Според него, 20 новинари и 19 здравствени работници се ранети од страна на израелските војници.