Fatma Bülbül
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Според бројката до која дојде АА врз основа на воени и полициски извори, безбедносните сили неутрализирале 170 терористи на ПКК во декември 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Од неутрализираните терористи, 110 се убиени, 18 сами се предале, а 42 биле заробени.
Исто така, загинале 55 припадници на безбедносните сили, како и 10 цивили, а пак 166 биле повредени во нападите на ПКК истиот месец.
- Притворања -
Вкупно 1.146 осомничени лица се притворени во операциите против терористичката група ПКК и нејзиниот огранок во текот на декември 2016 година.
Од 1.146 осомничени лица, 604 од нив, вклучувајќи директори и градоначалници од Народната демократска партија (ХДП) и Демократската регионална партија (ДБП) беа задржани во притвор.
- Големи напади -
На 10 декември загинаа 45 лица, поголемиот дел од нив полициски службеници, а десетици беа повредени во двојниот терористички напад (еден со автомобил-бомба и друг од страна на бомбаш самоубиец) во близина арената „Водафон“ на ФК Бешикташ, по натпреварот на турската фудбалска лига.
На 17 декември, во напад со автомобил-бомба на автобус од јавниот превоз во Кајсери загинаа 14 војници, а 55 лица беа повредени.
ПКК се наоѓа на листата на терористички организации од страна на Турција, САД и ЕУ, и ја продолжи својата оружена кампања во јули 2015 година. Оттогаш, над 1.100 лица, вклучувајќи повеќе од 800 припадници на безбедносните сили и над 300 цивили ги загубија своите животи во нападите на ПКК. Над 4.000 припадници на безбедносните сили и над 2.000 цивили беа повредени во нападите.