Volkan Kaşik
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
МАЛАТЈА (АА) - Во декември, терористичката организација ДЕАШ претрпе голем удар, и во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ и во операциите спроведени на територијата на Турција. Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, во околината на Ал Баб се спроведени голем број операции од воздух и копно, при што се неутрализирани стратезите на ДЕАШ, во кои спаѓаат Ебу Енсари и Ебу Хусеин Туниси, таканаречени команданти, како и други високи раководители на терористичката организација.
Според информациите до кои дојде дописникот на АА, заедничките специјални единици на Турските вооружени сили и воздухопловни сили на коалицијата изведоа мошне интензивни напади во кои не можеа да здивнат елементите на ДЕАШ. Нападите беа изведени во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, која започна на 24 август, со цел да се поддржат коалициските сили во отстранувањето на терористичките закани, првенствено ДЕАШ, како и за зголемување на безбедноста на турско-сириската граница.
Во декември, на просторот помеѓу Азаз и Џарабулус, во рамките на операцијата беа ослободени 225 населени места и територија со површина од 860 квадратни километри.
Во рамките на операцијата којашто продолжува во северниот дел на Сирија, во подрачјето на Ал Баб и Даглабаш, во воздушни операции во декември беа уништени околу 1.000 позиции на ДЕАШ.
Во рамките на операцијата на турските воени авиони врз позициите на терористичката организација, беа уништени тенкови на ДЕАШ, контролни точки, засолништа, објекти-седишта на организацијата, автомобил-бомби, одбранбени и оружени позиции. Истовремено се неутрализирани 1.320 терористи, меѓу кои и таканаречените команданти и високи раководители на организацијата.
Убиени т.н. команданти Енсари и Тунуси
Се дознава дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, во акциите што авионите на командата на воздухопловните сили на Турција ги спровеле претходниот ден, во подрачјето на Ал Баб бил убиен еден од т.н. команданти на терористичката организација ДЕАШ, Ебу Енсари.
На 30 декември, воените авиони на командата на воздухопловните сили погодија 17 цели на ДЕАШ во подрачјето на Ал Баб и Даглабаш, при што се неутрализирани 26 терористи, меѓу кои и т.н. високи раководители на организацијата. За време на офанзивата на 29 декември бил неутрализиран т.н. командант на ДЕАШ, Ебу Хусеин Тунуси.
Во рамките на операцијата, во судирите што се одвивале претходниот ден неутрализирани се 23 припадници на ДЕАШ, а пак авионите на турските воздухопловни сили уништиле вооружени позиции, засолништа и 12 згради на организацијата во Баб, Сафланијах, Кабр Ал Мукри, Бзагах, Тадиф и Абу Џабар.
По одредувањето на целите со беспилотни летала, во Ал Баб и неговата околина воените авиони извршиле воздушни напади што биле поддржани со гранатирање од хаубиците „фиртина“. Покрај терористите на ДЕАШ, и членовите на терористичката организација ПКК/ПЈД не можеле да здивнат во овие напади. Во рамките на операцијата против терористичките закани, во подрачјето се неутрализирани 306 терористи на ПКК/ПЈД, од кои 291 се убиени, четворица се ранети, а единаесетмина се предале.
Не е намален ниту интензитетот на операциите во Турција
Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Турција, во операцијата против терористичката организација ДЕАШ во периодот од 28 ноември до 5 декември се приведени 38 осомничени, од кои притворени се 21; од 5 до 12 декември се приведени 56 лица, од кои притворени се 21; од 12 до 19 декември приведени се 88 осомничени, од кои 5 се притворени; од 19 до 26 декември приведени се 78 осомничени, од кои притворени се 12 членови на ДЕАШ. Притворените се пренесени во затвор.
Врз основа на изјавите добиени од членовите на ДЕАШ, безбедносните сили на границата со Сирија пронајдоа големи количества закопани експлозивни материјали.
„Притаени ќелии“
Во рамките на истрагата што се спроведува во Сакарја против терористичката организација ДЕАШ, фатени се 7 странски државјани, кои биле дел од притаени ќелии, а голема е веројатноста дека пристигнале во Турција за да изведат одредена терористичка акција.