Mustafa Deveci
14 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (AA) - Во нападот на израелскаа авијација на окупираната територија во Појасот Газа убиени се две деца, а уште 14 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштеието на Министерството за здравство на Палестина, израелските воени авиони го бомбардираа објектот во изградба во местото ел-Кетибе во Појасот Газа.
Според истиот извор, во нападот се убиени Емир ел-Нимра (15) и Луеј Кухејл (16). Ранети се уште 14 Палестинци.
Израелската војска претходно соопшти дека во Појасот Газа се бомбардирани 40 позиции поради наводна поврзаност со движењето Хамас.
Гласноговорникот на израелската војска Авичај Адрае на социјалните мрежи објави заканувачки пораки кон Палестинците.
Објавувајќи фотографии од некои објекти во гаа тој напиша дека е „сигурен дека народот во Газа не ги заборавил девастициите во последните 10 години."
Тој наведе и дека „сликите од рушење оваа година би можеле да бидат уште пострашни."
Израел на 7 јули во 2014 година ја покрена покрена „Линијата на заштита" која траеше 51 ден. Израелските сили убија 2.158 Палестинци, од кои 551 дете. Ранети се повеќе од 11 илјади луѓе.
Палестинските власти тогаш соопштија дека во бомбардувањата се оштетени речиси 29 илјади станови и куќи. Вкупно 3.329 објекти се уништени во потполност, а поголеми штети претрпеле 23.445.