Ekipa
15 Јули 2018•Ажурирај: 15 Јули 2018
ГАЗА (АА) - Во експлозија што се случи во раните утрински часови, во Појасот Газа, загинаа две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ешреф ал Кидра, соопшти дека уште еден Палестинец е сериозно повреден во експлозија што се случи во градот Газа.
Причините за експлозијата сè уште се непознати.
Експлозијата се случи неколку часа откако палестинските фракции на отпорот и Израел постигнаа договор за прекин на огнот во Појасот Газа, со посредство на Египет.
Во текот на вчерашниот ден, двајца Палестинци беа убиени, а десетици се повредени во израелските воздушни напади во приморската енклава, за кои Израелската армија соопшти дека се одговор за серија ракети испалени од Појасот во јужен Израел.
Од месец март, над 130 лица загинаа, а илјадници се повредени од истрели на Израелската војска за време на протестите на Палестинците против децениската израелска окупација и 11-годишната блокада на Појасот Газа.