Özcan Yıldırım
22 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Во судирите со терористите во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ загина еден турски војник, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Турските вооружени сили (TSK) се наведува дека турските сили при судирот со припадниците на терористичките организации ПЈД-ЈПГ/ПКК/КЏК и ДЕАШ загинал еден турски војник.
Турските вооружени сили (TSK) продолжија со воената операција „Маслинова гранка“ во сирискиот АФрин, која започна во саботата, со цел воспоставување на безбедноста во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.
На третиот ден од операцијата, во која учествуваат и припадниците на Слободната сириска војска, пружена е дополнителна поддршка на единиците кои напредуваат кон целите во Африн.