Duygu Yener
23 Јануари 2018•Ажурирај: 23 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган преку социјалната мрежа Твитер (Twitter) ја коментираше операцијата „Маслинова гранка", нагласувајќи дека операциите на турските сили ќе траат се додека регионот повеќе нема да претставува терористичка закана за Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите операции ќе трааат се додека регионот повеќе нема да претставува терористичка закана за Турција и додека не стане место во кое луѓето ќе може да живеат во мир. Турција за тоа прашање не треба од никого да бара одобрување", порача Ердоган.
Истакна дека главна цел на операцијата, покрај националната безбедност, е и зачувување на територијалниот интегритет на Сирија.
„Главна цел на операцијата, покрај националната безбедност, е и зачувување на територијалниот интегритет на Сирија, како и пружање на безбедност на животите и имотот на сирискиот народ. Кога во Идлиб и во Африн ќе се воспостават мир и сигурно окружување, стотици илјади наши сириски браќа ќе имаат можност да живеат во своите места и домови", наведе турскиот претседател.
Турските вооружени сили (TSK) продолжија со воената операција „Маслинова гранка“ во сирискиот АФрин, која започна во саботата, со цел воспоставување на безбедноста во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и пружање поддршка на народот на тоа подрачје.
На третиот ден од операцијата, во која учествуваат и припадниците на Слободната сириска војска, пружена е дополнителна поддршка на единиците кои напредуваат кон целите во Африн.