Emre Aytekin
24 Октомври 2017•Ажурирај: 25 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - УНЕСКО во најновиот извештај за трендовите во областа на образованието во светот соопшти дека 264 милиони деца ширум светот немаат формално образование, јавува Anadolu Agency (AA).
Според резултатите на извештајот кој се однесува на реализација на Целите на одржив развој на Обединетите нации (SDGs), по наглиот пад на почетокот на 2000-те, во светот не е забележано дополнително намалување на бројот на деца кои не одат во училиште.
Резултатите од анкетата спроведена во 128 земји членки на ОН покажаа дека четиригодишно училиште завршиле 83 отсто од децата, осмогодишно-деветгодишно училиште 69 отсто, а средно 45 отсто.
Истиот извештај покажа дека во 40 земји членки на ОН секое четврто дете успева да заврши средно образование, додека во само 14 земји проценот на учениците кои завршуваат основно училиште е над 90 отсто.
Ирина Бокова, генералната директорка на УНЕСКО, во предговорот на извештајот напиша дека, првенствено националните влади, треба да усвојат став за чувство на одговорност за да се постигнат целите во областа на образованието.
На Самитот за одржлив развој, кој се одржал на 25. сепрември 2015. година, државите членки на Обединетите нации усвоија Програма за одржлив развој до 2030. година, која содржи 17 Цели на одржлив развој со намера за искоренување на сиромаштијата, борбата против нерамноправноста и неправдата и решавање на прашањето на климатските промени до 2030. година.