?????
11 февруари 2016•Ажурирај: 11 февруари 2016
ПАРИЗ (АА) - Шест дечиња настрадаа во сообраќајна несреќа што се случи утринава кога дел од камион се разниша и удри во училишен автобус во градче на Атланското крајбрежје, изјавија официлајни лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Сè уште трае истрагата за околностите на несреќата која се случи утринава во Рочефорт а францускиот министер за транспорт се упати кон местото на настанот. Осумнаесет деца се наоѓале во автобусот во тоа време, според официјални лица од канцеларијата на францускиот претседател.
Градоначалникот на Рочeфорт, Херв Бланш, потврди дека загинати најмалку шест деца.
„Зборот хаос не е доволен. Ова е голема трагедија”, рече Жером Сервол, главен полициски службеник во градот. Сервол соопшти дека предмет во вид на врата се отворил од камионот и поминал низ автобусот во висина на прозорите.