Ekipa
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
АНКАРА (АА) - Врховниот воен совет на Република Турција (YAS) унапреди во повисок чин вкупно шест досегашни генерал-адмирали, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, претседаваше со денешната седница на Советот.
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека на денешната седница 61 полковник на турската војска бил унапреден во чинот генерал-адмирал.
Советот исто така го продолжи мандатот за уште една година на осум генерали, а за уште две години за 168 полковници.
Унапредените припадници на турската војска на нови должности ќе стапат на 30 август, а разгледани се и други прашања во врска со воениот кадар, вклучувајќи го и пензионирањето на војниците кои ги исполнија условите за тоа.