Amina Zorniç
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ГАЗА (АА) - Египетските власти го отворија во двата правци граничниот премин Рафа на границата со Газа, и тоа на два дена, овозможувајќи на тој начин премин на стотици луѓе кои чекаат на двете страни, јавува Anadolu Agency (AA).
Рафа за Палестинците е главна порта кон светот, а преку неа одат на работа, се враќаат дома, купуваат лекови, тргуваат и се снаоѓаат за живот.
Затворањето на овој премин, летото 2014 година, предизвика потешкотии кај жителите на Газа, по 7 јули истата година кога Израел ја изврши досега најсмртоносната офанзива.
Преминот Рафа египетските власти го затворија на „неодредено време”.