Tufan Aktaş
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
АДИС АБЕБА (AA) – Турското здружение „Мариф“ стана надлежно за пет образовни институции во Гвинеја поврзани со терористичката организација ФЕТО, која се смета за одговорна за обидот за државен удар во Турција, изведен на 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за градинка, две основни и две средни училишта.
Хасан Јавуз од здружението „Мариф“ истакна дека со потпишувањето на протоколот меѓу Турција и Гвинеја, на кој присуствуваа амбасадорката на Турција во Гвинеја, Нур Сагман, претставникот на Министерството за образование на Турција, Хали Доганај, претседателот на Гвинеја, Алфа Конде и другите гвинејски функционери, „Мариф“ стана надлежен за сите образовни институции на ФЕТО во Гвинеја.
Јавуз истакна дека во предавањето на надлежноста за училиштата на „Мариф“ значајна улога имала посетата на претседателот на Турија, Реџеп Таип Ердоган во Гвинеја.
Тој додаде дека е направен разговор со сите вработени во школите, по што е направен план за идната работа за квалитетот на образованието во овие школи во иднина да биде на повисок степен.
Според неговите зборови, наставата во школите на ФЕТО, кои во земјата делуваат веќе 13 години, со капацитет од 1.300 ученици, ќе започне на почетокот на неделата.
Зборувајќи за терористичката организација ФЕТО, Јавуз рече дека целиот свет би требало да знае дека членовите на оваа организација ќе бидат фатени, каде и да се кријат.
По потпишувањето на протоколот, гвинејскиот претседател го повика турскиот претседател за да му честита и да посака среќна работа на училиштата.