Barış Kılıç,Zafer Fatih Beyaz,Fatih Çakmak
11 Декември 2015•Ажурирај: 12 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турската полиција во опсежна акција во десет градови лиши од слобода голем број лица поврзани со терористичката органзиација ФЕТО, која ја предводи Фетулах Ѓулен за кој порано е распишана потерница, а кој престојува во Соединетите американски држави (САД) , јавува Anadolu Agency (AA).
Инаку, раководител на меѓународната адвокатска фирма "Amsterdam&Partners", Роберт Амстердам изјави на 9.декември дека движењето на Фетулах Ѓулен е вплетено во криумчарење со луѓе.
Според зборовите на Амстердам, движењето на Фетулах Ѓулен во учичиштата ширум САД донесувало наставници кои не ги исполнувале потребните критериуми, а на тој начин добивале американски визи.
Лидерот на терористичката организација ФЕТО, како наведува Амстердам, на тој начин е вплетен во криумчарење со луѓе.
Спомнатата адвокатска кужа побара пред судот во Пенсилванија, Ѓулен да биде процесуиран според обвинение во шест точки.
Потсетуваме, Република Турција издаде црвена потерница за лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетулах Ѓулен, а од САД е побарано да биде екстрадиран во таа земја.