?????
26 Јануари 2016•Ажурирај: 27 Јануари 2016
КОПЕНХАГЕН (АА) - Парламентот на Данска денес гласа за закон кој ќе им овозможи на властите на оваа земја да ги одзема парите на бегалците доколку имаат над 1.500 долари готовина или предмети чија вредност е поголема од наведениот износ, со цел да ги покријат трошоците на нивниот престој, јавува Anadolu Agency (AA).
Се очекува предлог измените на законот за бегалците да бидат усвоени денес со оглед на тоа што опозиционата Социјалдемократска партија и Данската народна партија, двете најголеми партии во таа земја, ги поддржаа измените, со што обезбедија мнозинство во парламентот.
Со законот на полицијата би ѝ било дозволено да ја претресуваат облеката и багажот на барателите на азил и другите мигранти кои не поседуваат дозвола за останување во Данска со цел пронаоѓање средства со кои би можеле да ги покријат нивните трошоци.
Данска, воглавно, беше транзит земја за бегалците, а минатата година примила околу 20.000 бегалци, додека соседните Германија и Шведска околу 1,1 милион бегалци, односно 163.000 бегалци.