Dejan Maksimoviç
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Вирусот зика кој се почесто се појавува во Америка стаса и во Европа. Откриено е дека дански државјанин е позитивен на вирусот кој го пренесуваат комарците, по што се врати во земјата од патување низ Централна и Јужна Америка, јавува Anadolu Agency (AA).
Вирусот кој претставува најголема закана за бремените жени и нивните деца се рашири низ Америка, каде се приметени илјадници случаеви на носители на вирусот зика.
Данската државна телевизија извести дека првиот случај во нивната земја го потврдија здравствените работници ид вториот по големина дански град Архус.Воедно предупредија дека за сега само Канада и Чиле го избегле вирусот кој се шири по сите делови на Америка.
За време на минатиот викенд забележани се три случаи на вирусот кај лица кои се вратиле од патување во Колумбија, Суринам и Гвајана. Иако вирусот не се пренесува директно од лице на лице, јавното здравство на Ангија предупреди дека сепак постои мал број на случаеви на пренос на вирусот преку сексуален однос.
Вирусот зика сам по себе не е опасен за луѓето, но постои голем број докази дека кај бремените жени предизвикал вродени мани кај нивните новороденчиња. Во Бразил е приметен голем раст на случаеви на микроцефијална или "мала глава" . Станува збро за ретка невролошка состојба при која на детето главата му е значително помала во однос на неговите врсници. Ова е резултат на ненормален развој на мозокот во материцата. Се поголем број на случаеви од ова ретко заболување во Бразил се поврзува со зика.
Во Бразил е нормално годишно да се појави околу 200 случаеви заразени со зика вирусот, но од октомври минатата година приметени се дури 4.000 пријавени случаеви на новороденчиња со микроцефалија.