Abdulkadir Nişancı
23 Октомври 2017•Ажурирај: 24 Октомври 2017
БАЈБУРТ (АА) – Абдулкадир Нишанџи – Опасните патишта во светот не се нешто непознато, а патот Деребаши, кој се протега во планинското подрачје на турскиот брег на Црното Море, е една од омилените дестинации на авантуристите од целиот свет.
Оваа делница преку планината Соганли, која ги спојува Трабзон и Бајбурт, пред две години порталот „www.dangerousroads.org“, кој се занимава со промовирање на опасни и тешки патишта од целиот свет, ја прогласи за најопасен пат на светот.
Патот долг 106 километри, кој се состои од 13 остри кривини, на некои места е поопасен и од патот на смртта во Боливија.
Деребаси често е зафатен од магла, дожд, свлечишта, снег и лавини, поради што во светот се смета за еден од најтешките патишта.
Поради снежните покривки на патот помеѓу Бајбурт и Трабзон, кои се задржуваат и по шест месеци во годината, движењето на патот е значително отежнато. Локалното население наоѓа разни начини за да го премине овој пат, за што е потребна голема храброст.