Burak Akay
11 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ЧАНАККАЛЕ (АА) - БУРАК АТАЈ -
Десет илјади млади лица од Турција и од странство, меѓу кои и од Македонија, ќе учествуваат на „Маршот на лојалноста на 57. полк“, кој ќе се организира од турското Министерство за млади и спорт, во рамките на церемониите по повод 103. годишнина од Копнените војни во Чанаккале, јавува Anadolu Agency (AA).
Активноста ќе започне на 25 април во утринските часови и ќе продолжи со марш од осум километри кон местото Чанак Баир (Conkbayırı) по клањањето на утринската молитва.
Претседателот на Извидничката федерација на Турција, Хасан Динчер Субачи, во изјава за АА истакна дека на овој марш ќе учествуваат околу 6.000 извидници.
„Ќе има учесници и од Азербејџан, Македонија, Грузија и Србија. Ќе бидат присутни и околу 1.000 извидници-бегалци од Сирија и Палестина. Ќе тргнеме по утринската молитва. Ќе реализираме една емоционална активност“, рече тој.
Од друга страна, заменик-генералниот директор за Проекти и координација при Министерството за млади и спорт на Турција, Мехмет Акиф Окур, истакна дека илјадници млади лица секоја година го посетуваат Чанаккале во знак на сеќавање на шехидите.
„Во нашите активности ќе учествуваат околу 6.000 извидници. Околу 10.000 наши браќа оваа година ќе го реализираат маршот на лојалност на патот на нивните предци“, нагласи Окур.
Окур рече дека младите тука ќе ги посетат местата на кои се погребани нивните предци и ќе бидат информирани околу историските настани во ова место.
„Нема некој сличен марш во светот. Нема друга младост која оди или посакува да оди по истите патишта на самрак, со тие на нивните предци, со истиот дух, чекајќи ја оваа церемонија со големи емоции“, додаде тој.