Yeter Erdine
25 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ГАЗИАНТЕП (АА) - Стотици деца со здружени сили го создадоа портрет „Девојка Ромка”, кои го направиле од 750 килограми баклава, јавува Anadolu Agency (AA).
Младите членови на Меѓународното здружение на мозаиачари (УМОСАД) во турскиот град Газиантеп го направија мозаикот од 6.160 парчиња баклава, а шефот на делегацијата на Светското жири за детски рекорди, Орхан Курал, во таа пригода им честиташе на децата за големиот успех и додаде дека е многу среќен што може да потврди дека е направен рекорд со мозаик со површина од 39 метри квадратни.
Изложувањето на мозаикот е направено по повод на 95. годишнината од ослободувањето на Газиантеп.
На презентацијата присуствуваше градоначалничката на Газиантеп, Фатма Шахин, која во таа пригода им честиташе на децата за успехот и им ги честиташе на сограѓаните престојните новогодишни празници.
„Зад нас е тешка и болна година. Сите претрпевме голема болка во изминатите 12 месеци. Нека оваа слатка девојка Зеугма и нејзините очи бидат најава за слатка престојна година. Нека 2017 година биде година на мир. Не сакаме војна, крв и солзи, туку мир и радост”, порача Шахин.