Gorana Jakovljevic
11 Јули 2016•Ажурирај: 12 Јули 2016
БАЊА ЛУКА (АА) - Нема да го признаеме геноцидот, геноцидот ниту се случи – изјави денес Милорад Додик, претседателот на босанскиот ентитет Република Српска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето на новинарите, по посетата на градилиштето на северното крило и реконструираниот централен медицински блок на Универзитетскиот клинички центар на РС, Додик ја образложи својата претходна изјава дека БиХ е невозможна држава и дека приказната околу злостроството во Сребреница е политизирана.
„Невозможна држава е кога гледате дека во Братунец каде што се одбележува страдањето на 3.500 луѓе, не дојде ниеден претставник од меѓународните институции, а во Сараево ги гледате како ги испраќаат камионите во кои се наоѓаат ковчези што одат во Сребреница. И денес се повторно тука, постојано се со нив. Го делат ова општество на начин на кој нам ни порачуваат дека жртвите што ние ги имавме, кои страдаа, не се достојни за никакво нивно внимание”, рече Додик.
Тој, меѓу останатото, нагласи дека нема намера да молчи за ова и да премолчи какво било однесување на кој било од меѓународната заедница.
„Жал ми е што ова го велам на денешен ден и немам намера чија било болка да намалам или на некој друг начин да ја потценам, но во секој случај, ова стана исклучително политичка тема”, изјави Милорад Додик, претседателот на босанскиот ентитет Република Српска.