Brisel
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот парламент денес со тесна победа ги порази напорите да се забрани употребата на адитиви кои се сметаат за клучни во популарниот донер кебап, јавува Anadolu Agency (AA).
За забраната за фосфати беше потребно апсолутно мнозинство во парламентот со 376 гласови, но на крајот се испостави дека недостасуваат три гласа.
Резултатот од гласањето беше 373 „за“, 272 „против“забраната и 30 воздржани пратеници.
Одлуката со нетрпение ја чекаше индустријата на донер кебап, од која тврдат дека фосфатот е неопходен со цел замрзнатото месо да остане сочно, нежно и вкусно за консумирање.
Противниците, од друга страна, тврдат дека фосфатите предизвикуваат здравствен ризик од кардиоваскуларни болести.
„Го спасивме вашиот ќебап. Нема на што“, рекоа од христијанско-демократската Европска народна партија, која рече дека ќе гласа за задржување на фосфатот, бидејќи нема доволно докази за несаканите ефекти врз здравјето.
Социјалистите и Зелените водеа кампања за воведување на забрана за употреба на фосфати.
„Ова е тажен ден за правата на потрошувачите“, вели Барт Стејс, член на Зелената партија во Европскиот парламент.
Така, неколку гласови ги спасија ќебапите од забрана во земјите на ЕУ. Сепак, дури и ако фосфатите се забранија, индустријата ќе беше принудена само да бара алтернативи, без да биде принудена да престане да произведува брза храна која е многу популарна во некои европски градови, како што е хамбургерот во САД.