Bedrudin Brlyavac
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
САРАЕВО (АА) - Словенскиот министер за надворешни работи, Карл Ерјавец, денес по состанокот на коалициски партнери во Владата на Словенија, изјави дека дошло време Словенија да ја признае Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
„Лично сметам дека дојде време Словенија да ја признае Палестина и дека треба повторно како Влада да размислиме за понатамошните чекори за таа постапка“, изјави Ерјавец по состанокот со шефовите на останатите две партии во коалиција на премиерот Миро Церар.
На негова иницијатива е прифатено дека тој како министер за седницата на Владата наредната недела за тоа ќе ги подготви потребните информации.
Во коалиција во Словенија се размислува за признавање на Палестина откако ЕУ одлучи дека нема да го следи САД и да го признае Кудс за главен град на Израел.
Социјалдемократите (SD) на Дејан Жидан, го поддржуваат предлогот, но сметаат дека би било посоодветно да преземат таков чекор со уште некои членки на ЕУ за тоа да не биде изолирана постапка на словенската влада.
Потсетуваме, Ерјавец и во 2015 година бараше Словенија да ја признае Палестина.