İlkay Guder
01 Јули 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп вчера разговараа телефонски за дипломатската криза во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Тие се согласија дека е потребно да се стави крај на тензиите меѓу арапските земји и Катар, истакнувајќи дека новите прашања треба да се решаваат преку преговори.
Од кабинетот на претседателот на Турција рекоа дека Ердоган и Трамп во текот на разговорот истакнале дека е многу важно кризата да се реши и поради безбедноста и стабилноста на целиот регион.
Двајцата лидери разговарале и за билатерална соработка во областа на одбраната индустријата и економијата.
Ердоган ја истакнал важноста на борбата против сите форми на терористички закани, вклучувајќи ги и ПКК, ФЕТО и ДЕАШ.
Двајцата претседатели се согласија за потребата за понатамошно зајакнување на соработката во борбата против тероризмот и за спречување на финансирањето на терористичките активности.