Sinan Uslu
23 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
ХАКАРИ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со резолуцијата на Обединетите Нации со која се отфрлува одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, порача дека тоа е показател дека волјата не може да се купи со долари и заплашување, јавува Anadolu Agency (AA).
„Каде беа доларите на светот во прашањето на Кудс? Не ли е очигледно? Дали се заканија? Се заканија. А кој гласаше? Едно место со население од 15-18 илјади жители, за чие име првпат слушам. Кој гласаше? Едно место со 21 илјади жители. Кој гласаше? Едно место со 25-30 илјади жители. Зошто? Затоа нивните долари беа доволни само за нив, и нивната бројка беше осум земји. Заедно со нив се 9 земји. А што рекоа 128 земји? Тие рекоа: 'Вие не можете да ја купите нашата волја со вашите долари и моќ'. Вашата моќ не е доволна да ја надмине нашата волја' истакнаа тие. И јас сега велам дека моќта на тероризмот не треба да ја надмине моќта на мојот брат од Хаккари“.
Турскиот претседател исто така рече дека Кандил е географски блиску турскиот град Хаккари, но дека тамошната свест и намера е многу далеку од овој град.
„Не се работи само за курдско, турско или арапско прашање. Работата е дека сме изложени на напади насочени кон целиот наш регион и нашата цивилизација. Се додека сме поделени меѓу себе, толку се шансите поголеми овие напади да успеат да бидат поголеми. Сепаратистичката терористичка организација само сака да биде фигура за едно такво сценарио. Кандил од ова место (Хаккари) е географски е многу блиску, но бидете сигурни дека локалната свест и намера се многу далеку од нашите браќа тука", рече претседателот на Турција, Ердоган.